Наместо протестен митинг на опозицијата, организиран е протстен марш во знак на сеќавање на убиениот руски опозиционер Борис Немцов во кој учествуваа повеќе илјади луѓе.
Неколку илјади луѓе прво собраа на плоштадот Славјанск во центарот на Москва од каде што тргнаа кон мостот на кој што пред два дена беше убиен Немцов.
Колоната од луѓе била долга неколку стотини метри, а маршот се одвивал во тишина, без извикувања или слогани.
Учесниците во маршот носеле плакати со натписи „Се бореше за слободна Русија“, „Се бореше за иднината на Русија“ како и клучната порака на маршот „Хероите не умираат и тие куршуми се насочени кон секој од нас“.
Претставниците на опозицијата го откажаа денешниот протест кој требаше да се случи на југоистокот на Москва. Еден од организаторите на тој настан беше и сега убиениот Немцов.
Марш во знак на сеќавање на Немцов одржан е и во Санкт Петербург.
Извор: Мета