Рускиот опозиционер Борис Немцов е убиен во петокот вечерта.
Во него се испукани најмалку седум или осум куршуми, додека шетал по мостот со познаничка која пристигнала од Киев. Тој ќе биде погребан во Москва.
Руската телевизија ТВЦ објави видео од убиството кое е снимено од безбедносна камера која 24 часа го следи сообраќајот и временските прилики во Москва.
На видео снимката се гледа како Немцов, заедно со украинската манекенка Ана Дурацкаја се шета на мостот. Во 23:31 часот возило за чистење на снег поминало покрај нив, а неколку секунди подоцна, човек, најверојатно убиецот, истрчал од тоа возило и влегол во автомобил кој го чекал на улицата.