ЦК на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните во борба за зачувување на достоинството

Од:

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа седница на која покрај другото ја разгледа актуелната политичка состојба во земјава и му даде целосна и безрезервна поддршка на претседателот на партијата и премиер Никола Груевски.

Во соопштението се осудува, како што се вели, недозволивото, срамно и деструктивно однесување на раководството на СДСМ и нивната стратегија за предизвикување на дестабилизација на Република Македонија.

– Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, согласно својот статут и континуитетот на кој се повикува, а поврзан со суштината на делувањето на историското ВМРО, потенцира дека нашата партија има историска одговорност да се бори против вакви деструктивни потези кои имаат цел спротивна на националните и државни интереси на Република Македонија. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ без никаква дилема упатува јасна порака до сите дека нема да дозволи спроведување на туѓи сценарија, дестабилизација на државата и насилно превземање на власта спротивно од волјата на мнозинството граѓани. Сите оние што наумиле да ја воведат државата во такви сценарија добро е со време да се откажат, се вели во соопштението.

Партијата апелира до сите членови и симпатизери да не наседнуваат на провокации, а избраните функционери да продолжат да работат во интерес на граѓаните и да креираат нови проекти.

– Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија да се приклучат на оваа борба за зачувување на достоинството, стабилноста, демократијата и економскиот развој на нашата држава. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ апелира и ги повикува сите надлежни државни институции максимално професионално, одговорно и ефикасно да ги испитуваат и разрешуваат сите сомнежи и прашања поврзани со актуелната состојба во државата, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Кузеска: ВМРО-токсична создаде еколошки хаос кој граѓаните го плаќаат со нивното здравје

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

Левица: Нов скандал на власта – Јанушев со тендер од еден милион евра ќе ги плаќа партиските митинзи

Кузеска: Ако СДСМ прислушкувала, зошто ВМРО-ДПМНЕ се плаши да декласифицира

Манасиевски: Дали е вистина дека постои случај Рекет 2 и дали ЈО го крие во фиока затоа што штитат функционери на СДС и ДУИ?

Катерина Ѓуровски