ФОТО: Боемска блесна со сиот сјај

Од:

Убавото време и прекрасната атмосфера измамија денеска многу центарци, но и граѓани од цело Скопје да дојдат и да го минат претпладнето, дружејќи се во кафеаните на Боемската улица.

Boemska ulica (1)

Трите угостителски објекти беа преполни, а сопствениците не го криеја задоволството, бидејќи по комплетната реконструкција на улицата Ѓорѓи Пешков и делот на Михаил Цоков, посетеноста и заработувачката неколкукратно е зголемена.
Од понеделник – уште една убава вест за граѓаните кои ќе посакаат денот и вечерта да ги минат не само во овие три, туку во сите тринаесет кафеани кои што се наоѓаат на потегот од Боемска, преку кужниот тек кај Идадија, се’ до влезот на градежниот факултет.

Boemska ulica (3)

Од овој, па секој нареден понеделник, попустот на целото мени ќе биде 20%. Со ова треба да заживеат уште повеќе кафеаните во овој дел на Центар. Затоа годинава ќе се реализира и комплетниот проект “Боемски кварт“. Целиот потег ќе биде реконструиран со истиот квалитет како и улицата Ѓорги Пешков, а 4 пати годишно – општината и угостителите ќе ги организираат “Боемските Дебармаалски Денови“ со познати тамбураши, далматински клапи и староградска македонска музика.

Boemska ulica (2)

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски