Фидуш Јашари од скопското село Копаница им подлегна на повредите во болница, откако беше застрелан во главата по расправија со соселани.
Утрово околу 8,30 часот започнала расправија меѓу браќата Фидуш и Вебуш Јашари од една страна и Башри и Хасип Нагими од друга страна. Башри и Вебуш почнале да се тепаат, по што Хасип почнал да пука со пиштол и го погодил Фидуш во главата.
Ранетиот беше веднаш пренесен во болница, а пред малку им подлегна на повредите.