„Музички времеплов” – концерт на градскиот мешан хор „Вардар“

Од:

Градскиот мешан хор „Вардар” вечер во Музејот на македонската борба ќе одржи концерт под мотото „Музички времеплов”, проект поддржан од Министерството за култура.

Под диригентската палка на Јасмина Ѓорѓеска и во пијано придружба на Андрејa Наунов како солисти на концертот ќе се претстават Ѓоко Танески, Јане Дунимаглоски, Златко Велковски и Лидија Атанасоска, а ќе настапи и групата „Ај кју”.

На програмата се црнечки спиритуали, поп композиции и култните „Боемска рапсодија” на Квин и Фреди Меркјури, „Јестрдеј” на Битлси, песни од мјузиклот „Коса”, „Странци во ноќта” и други евергрин шлагери напишани во повеќегласни аранжмани.

Градскиот мешан хор „Вардар“ е формиран во 2000 година на иницијатива од ентузијасти, некогашни хористи од повеќе генерации на академскиот хор „Мирче Ацев”. Од 2001 до 2012 година со хорот раководи диригентот Илија Атанасов, а од 2012 година Јасмина Ѓорѓеска.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје