Убиен опозиционерот Борис Немцов

Од:

Во Москва е убиен политичарот Борис Немцов. Медиумите објавија дека непознат напаѓач четири пати пукал во опозиционерот Немцов.
Според инфрмациите на руското МНР, тој бил застрелан во грб. Од куршумите Немцов починал веднаш.

Борис Ефимович Немцов беше познат руски политичар, пратеник во собранието на шестиот состав на Јарославската област, еден од основачите и лидер на Обединетото демократско движење „Солидарност“, ко-претседател на политичката партија РПР-ПАРНАС, член на Координациониот совет на руската опозиција.

На 17 март 1997 година тој беше поставен за вицепремиер на Владата на Русија. Од 25 април до 20 ноември 1997 година Немцов беше министер за горива и енергетика на Русија, а од 22 мај 1997 година до 1 октомври 1998 беше член на Советот за безбедност на Русија.
Немцов извесно време беше силен поддржувач на политиката на Владимир Путин, за потоа да стане еден од неговите најжестоки критичари.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала