За Ecce Homo центарот на Белград најбезбеден, 2.000 полицајци ја бранеа изложбата

Од:

Уште околу 16:30 часот, вчера беа затворени за сообраќај неколку улици во близина на Центарот за културна деконтаминација во Белград, каде нешто подоцна околу 18 часот, забранетата изложбата на фотографии, сепак се отвори.

Целата област околу, ја обезбедуваа околу 2.000 полицајци во полна опрема, околу самата изложба имаше метални препреки и врати, а пред зградата на Народната банка на Србија, стоеја полицајци на коњи. Сите улици во близина, кои беа отворени за сообраќај, поради безбедносни причини ги обезбедуваа стотици полицајци опремени за да ги растурат демонстрациите доколу се случат.

Пред отворањето на изложбата, дваесет членови на српското Националното движење „Порта“ се собраа во близина на изложбата мирно да го изразат своето незадоволство.

„Порта“ ја поздравија забраната за „Парада на гордоста“ и сите активности околу неа, ги поддржаа зборовите на српскиот патријарх Иринеј и најавија дека ќе поднесат кривична пријава против организаторите на изложбата и Парадата за кршење на Уставот, поткопување на јавниот морал и злоупотребува на илјадници полицајци да обезбедуваат еден таков настан.

„Парадата на гордоста служи за да ни ги замагли очите и да ни го сврти вниманието од вистинскиот проблем – Косово. Нашата цел не е да го срушиме Белград, туку да победиме на изборите, а тогаш некој за се ова ќе одговара“, изјавија од оваа десноориентирана организација пред Центарот за културна деконтаминација во Белград.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Верма: Санкциите се насочени кон Русија, а не кон Србија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија

Убиство во Инџија, уапсени се три лица, по четвртиот се трага

Горан Наумовски