Над 25.500 Египќани избегале од Либија по масакрот на 21 копт од страна на ИД

Од:

Повеќе од 25.500 Египќани се вратиле во татковината од Либија, откако на 15 февруари беше соопштено за обезглавувањето на 21 копт (египетски христијани) од страна на припадници на групацијата Исламска држава, соопштија денеска египетските власти.

По масакрот на христијаните Каиро ги повика Египќаните да ја напуштат Либија. Египетските воено-воздухопловни сили извршија напади врз позиции на џихадистите во Либија, а Каиро повика за меѓународна воена интервенција.

Египетското Министерство за надворешни работи посочи дека 21.407 египетски граѓани го преминале граничниот премин Салум на границата меѓу Либија и Египет. Други 4.122 се вратиле преку Тунис со чартер летови, изнајмени од египетските власти.

Вкупниот број Египќаните, кои живеат во Либија не е познат, но се смета дека има неколку десетици илјади, а можеби и стотици илјади. Повеќето од нив работат во градежништвото или како занаетчии.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро