Во Норвешка уапсен исламистичкиот лидер мула Крекар

Од:

Норвешката полиција денеска соопшти дека го упасила контроверзниот исламистички лидер мула Крекар.

Како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, апсењето се случи откако мула Крекар изнел свои размислувања околу терористичките атентати во Париз и Копенхаген во едно интервју за норевшкиот јавен сервис НРК.

Во соопоштението на норвешката полиција сенаведува дека тој е уапсен затоа што јавно повикал на „акции на казнување“.

Во споменатото интервју Крекар, меѓу другото, вели дека тие што го цртаат пророкот Мухамед заслужуваат да умрат и изразува поддршка за терористичките напади во Париз.

Мула Крекар неодамна е пуштен на слобода откако одлежа затворска казна, меѓу другото и поради закана против норвешката премиерка Ерна Солберг.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани