Во скопското село Копаница, утрово околу 8:30 часот дошло до расправија помеѓу браќата Фидуш и Вебуш Јашари кои се скарале со браќата Башри и Хасип Н.
Вербалниот конфликт преминал и во физичка пресметка кога браќата Башри и Вебуш започнале да се тепаат. Во еден момент Хасип извадил пиштол, испукал еден куршум и го погодил Фидуш во главата.
Повредениот од браќата бил веднаш пренесен во Општата Градска болница каде се бори за живот.
Хасип е приведен, а истрагата е во тек.