„Сваровски“ преместува производни погони од Кина и Чешка во Србија и Австрија

Од:

Австрискиот концерн Сваровски ќе ги затвори своите производни погони во Кина и Чешка и производството ќе го сконцентрира во Австрија и Србија, соопшти компанијата.

Во кинескиот Јингшангу со одллука на Сваровски ќе бидат затворени 200 работни места, а во Чешка 75.

– По сеопфатна промена на меѓународната стратегија за производство, следните месеци производството ќе биде од седиштето во Ватенс во Австрија и новиот погон во Србија.

Погоните во Кина и Чешка ќе бидат затворени, најавува Сваровски во соопштение. Во изминатите месеци анализирани се производствените погони во странство при што истакнува Сваровски, условите за конкурентност во Кина отежнуваат производство на концернот под сопствените високи бизнис, етички и квалитативни стандарди.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор