ФОТО: Жерновски на средба со станарите од Градски Ѕид

Од:

Жителите на Градски Ѕид, кај поранешна Македонска Банка, Клуб на Новинари и околните згради синоќа имаа средба со градонаќлникот на општина Центар, Андреј Жерновски. Тие се интересираа кога нивните објекти ќе бидат фасадирани.

„Она што ние го работиме, за разлика од другите, е жителите да добијат енергетско-ефикасни фасади и да се задржи автентичниот изглед. Знаете дека со промените во Законот за градење надлежностите се поделени со Град Скопје и треба да поминат на седница на Совет и за да не навлегуваме во приватна сопственост – одиме по програмата за енергетска ефикасност“, рече градоначалникот Андреј Жерновски.

Раководителот на општинскиот Сектор за уредување на градежното земјиште, Горан Иљоски посочи дека за оваа година е предвидено фасадирање на 7 згради, 4 од нив треба да поминат на следната седница на Советот на општината.

gradskiZid-zernovski (1)

„Жителите се интересираа за фасадирање на познатата Поштенска зграда. Откако беа разрешени админстративните нејаснотии и на оваа зграда наскоро ќе се започне со реконструкција на фасадата. Сите 13 згради кои влегоа во првиот конкурс ќе бидат завршени“, соопштуваат од Општина Центар.

Директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ, ги изложи проблемите кои претпријатието ги има со МВР и со Град Скопје.

Многу често, рече тој, жителите доаѓаат со претставници од градот и прават узурпација на просторите со сајли, јажиња и рампи.

Посочи дека за сообраќајните решенија е надлежен Град Скопје.

gradskiZid-zernovski (2)

Градоначалникот Жерновски наложи инспекција да ги отстрани сите неовластено поставени огради и рампи.

„Граѓаните посочија и на проблем со уништените коцки, искривени плочки, водата, чистотата, побараа зеленило во жардињерите, средување на влезовите кон гаражите и места за паркирање.

Надлежните од Центар им посочија дека за уништените и распаднати дрвја, кои се потенцијална опасност, надлежни се ЈП Паркови и зеленило, но тие ќе стапат во контакт и ќе ги известат за овој проблем. Новото игралиште на овој простор ќе биде модерно и според потребите на децата.

Поради вандализмот и како што велат граѓаните – немањето мир до 4 часот наутро, жителите се договорија со градоначалникот Жерновски да се постави куќичка со чувар. Со ова, ќе се врати мирот на станарите од овој дел на Центар“, велат од Општината.

„Општината ќе почне веднаш да делува и раководителите и вработените уште денес со жителите ќе почнат да изнаоѓаат начини за решавање на проблемите. Како што посочи градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, овие средби се за да се запознае со секојдневието на центарци и не дозволува мешање на политиката“, соопштува Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории