Звукот на мајчиниот глас може да помогне во развојот на мозокот кај фетусот, покажува истражување спроведено на Харвард.
Следејќи го здравјето на предвреме родените бебиња, научниците утврдиле дека слушањето на снимката на мајчиниот глас е поврзано со побрз развој на делови на мозокот клучни за процесуирање на звуци од околината.
Користени се снимки кои се модифицирани така за да ги симулираат звуците кои фетусите ги слушаат пред раѓањето, пишува стручното списание „Proceedings of the American Academy of Sciences“.
Фетусите слушаат по 25-та недела од бременоста, а освен мајчиниот глас за нив е исклучително важен и звукот на мајчиното срце.
Предвреме родените бебиња често страдаат од потешкотии со слухот.
Во новото истражување се користени податоци собрани од 40 бебиња родени меѓу 25 и 32 недела од бременоста.