После моделите „Панда“ и „500Л“, уште еден модел на „ФИАТ“ добио полутеренска „Trekking“ верзија.
Како кај другите сродни модели на овој италијански производител, и „ФИАТ Доброло Трекинг“ има дополнителни заштитни елементи на долните делови на каросеријата, со кои ги спречува помалите оштетување во возењето надвор од асфалтираните патишта.
Исто така, е променет и дизајнот на браникот, а благодарение на повисокото потпирање, растојанието од подвозјето до земјата е повисоко за 10 милиметри отколку кај стандардните модели.
„Добло Трекинг“ има затемнети задни прозорци и достапен е, меѓу другото, во новата ексклузивна „Bronzo Magnetico“ боја на каросеријата и опремен со 16 инчни алуминиумски фелни и пневматици за сите годинишни времиња.
Автомобилот е опремен и со посебен „Traction +“ систем за контрола на лизгањето. Овој систем особено е погоден за возилата што не бараат специјални „off-road“ способности, а и многу е поевтин од класичниот погон 4х4.
„Traction + “ со помош на специјален алгоритам го контролира и управува со системот за сопирање и симулира диференцијално заклучување. Системот се вклучува со помош на копчиња на контролната табла, а се користи при брзини помали од 30 км/ч. Кога се активира, тој препознава доколку некој од погонските тркала е не доволно на подлогата, односно ако почне да се лизга.
Системот тогаш го застанува проблематичното тркало, а целиот погон го пренесува на тркалото кое има добар контакт со патот.
„ФИАТ“, се уште, ги нема соопштено деталите за моторизацијата, а се очекува во понудата да бидат некои од погонските единици што се користат во стандардната верзија на моделот „Добло“.
На располагање се 1.6 MultiJet II, во верзиите со 90 ks и 105 ks, и 2.0- литарскиот дизел агрегат со 135 ks.
Од бензинските варијанти, достапни се 1.4-литарски мотор со 95ks и 1.4 TurboJet со 120 ks, кој може да се нарача и во верзијата со погонот на компресираниот природен гас.
„ФИАТ Добло Трекинг“ својата премиера ќе ја има на претстојниот саем на автомобили во Женева.