Женскиот ракометен првак Вардар го очекува значаен натпревар во Лигата на шампионите против Лајпциг. За тренерот на „црвено-црните“ Индира Кастратовиќ само победа над Германките е прифатлива опција.
– Не очекува многу важен натпревар со Лајпциг, но не само на овој, туку и на преостанатите мораме да одиме на победа. Имавме доволно време за да се подготвиме со мирна глава. Мислам дека во овој период максимално одработивме на тренинзите и верувам дека в сабота ќе стигнеме до победата. Ги увидовме грешките, пред се во одбраната, и верувам дека ќе одиграме добро и че постигнеме победа, изјави Кастратовиќ на денешнмата прес-конференција.
Пивотменот Ања Алтхаус верува во успех и конечно игра со карактер.
– Ќе биде тешко. Ги знам германските екипи, но ние сме подготвени да покажеме што знаеме, изјави Алтхаус.
Натпреварот Вардар – Лајпциг ќе се одигра в сабота од 19 часот. На првиот меѓусебен дуел во Лајпциг беше 26:23 за Германките.
Фото: МИА