Турскиот амбасадор во Австрија, Хасан Герис нагласи дека борбата против џихадистите започнува во Европа, пред се со размена на информации за осомничените и додаде дека турските власти имаат список од 10.000 осомничени лица.
-Актуелно имаме список со 10.000 осомничени лица. Пред еден месец на списокот беа 7.000 имиња-рече тој и ја отфрли критиката дека Турција не им го отежнува патувањето на џихадистите во Сирија.
Герис нагласи дека Турција го спречила патувањето на 1.000 лица, но додаде дека беспрекорна контрола на турско-сириската граница, која што е долга 910 километри, сепак е невозможна.
-Борбата против Исламска држава започнува овде, во Австрија и другите европски држави -истакна тој.
Според неговите зборови, џихадистите кои се приклучуваат на ИСИС се чувствуваат отфрлени од општеството.
-Доколку имаат вистинска перспектива, нема да имаат причина да одат во Сирија. Треба да им се овозможи да почувствуваат дека и тие се дел од општеството- рече турскиот амбасадор.
Е. Г.