За 690 евра на ден може да се владее со село во Унгарија

Од:

Сите оние кои сонувале да бидат кралеви или кралици, макар и на еден ден, сега може да го исполнат својот сон во унгарското село Меѓер.

Имено, за само 690 евра на ден, секој поединец може да биде „владетел“ на ова село што се наоѓа на 190 километри од Будимпешта.

Меѓер има само 18 жители, а за 690 евра дневно, освен апсолутната власт, „владетелот“ добива и седум куќи со апартмани каде може да спијат 39 лица, четири улици, автобуска станица, штала, кокошарник, шест коњи, две крави, три овци и четири хектари обработливо земјиште.

Привремените владетели можат и да ги меуваат имињата на улиците по нивна желба. Лицата кои ќе ја платат наведената сума за владеење со местото, исто така можат да станат и заменици на градоначалникот, Кристоф Пајер.

Пајер смета дека Меѓер е „оаза на мирот“ со преубави места и со необична туристичка понуда.

– Еднаш кога туристите ќе седнат на ливада и ќе отворат шише вино, ништо друго не им е важно, објасни Пајер.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта