Што им пречи на мажите во бракот?

Од:

Иако секоја двојка е приказна сама за себе, некои работи сепак можат да се генерализираат. Жените сакаат да бидат самостојни, но истовремено сакаат и посебно внимание од нивните партнери. Поголем број од мажите сакаат повеќе слобода во врската.

Моши Ратсон, семеен физеотарапевт од Менхетен и Лори Вајнрих, советничка за двојки и социјален работник, наведуваат кои ситуации најмногу им пречат на мажите во нивните врски.

1. Приговори

Еден од стереотипите е тоа дека жените во сериозни врски се со многу барања и упорни. Жените често ги потсетуваат што треба да направат, а мажите тоа најчесто го разбираат како критика.

– Мажите често имаат впечаток дека нешто не направиле добро. Кога ќе се почуствуваат „нападнати“, тие ќе се борат или ќе се свртат и ќе си заминат или почнуваат се да игнорираат, тврди Вајнрих.

2. Таа раскажува, тој не слуша

Мажите имаат „проблеми“ со слушање и задржување внимание кога жената нешто им раскажува. Без оглед на тоа за што раскажуваат, мажите имаат став дека жените едноставно раскажуваат премногу.

– Мажите имаат ограничена способност на слушање и задржување на вниманието и фокусирање на одредена тема, а тоа може да доведе до проблеми во комуникацијата и на крај проблеми во врската, тврди Ратсон.

Вајнрих додава дека жената во тие случаи се чувствува како да „раскажува во празно“, а мажот како да му се „држи лекција“. Тоа е генерализиран став, но жените во глобала мислата побрзо.

Ако мажот не реагира брзо, тоа не е затоа што тој не сака или е злонамерен. На мажите им е потребно многу повеќе време да процесуираат информации.

3. Се се врти околу децата

Кога двојката ќе добие дете, целиот живот драстично се менува. Многу жени целосно се посветуваат на нивните деца, а ги занемаруваат другите аспекти на животот. Така и нејзиниот партнер. Тоа кај мажите може да се создаде чувство на занемареност.

Партнерите тешко наоѓаат време еден за друг додека децата се уште им се мали, затоа што потребна им е целосно родителско внимание. Сепак, тоа не значи дека не можете да направите мали гестови. Прегратки и бакнеж на почетокот и на крајот на денот значат многу и на мажот и на жената.

4. Недостаток на сексуални односи

Сексуалните односи се важен аспект во секоја врска, а се чини дека мажите сепак сакаат малку повеќе и почесто отколку жените. Важно е да не се осудува партнерот, без оглед на тоа за тоа дали станува збор дека одбива секс или го бара.

Разбирањето е многу важен аспкт во секоа врска. Ако ви недостига време, децата еден викенд оставете ги кај бабите на чување, а вие посветете се еден на друг. И еднаш неделно е подобро од ништо.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска