Криминална кибер мрежа, која низ цел свет користела 3,2 милиони хакирани компјутери за кражби на банкарски информации преку преземање на контролата врз серверите, деновиве е разбиена од Европол и технолошки компании, пренесоа британските медиуми.
На удар била ботмрежата Рамнит, која од 2012 година заразувала компјутери преку линкови во спам имејли и заразени сајтови. заради тоа седум нејзини сервери биле исклучени.
Операцијата била координирана од центарот на Европол за борба со кибер криминал, во неговата централа во Хаг. Европол работел со иследници од Германија, Италија, Холандија и Велика Британија со помош на компаниите Анубиснетурк, Мајкрософт и Симантек.