Кипар ќе им дозволи на руските бродови да учествуваат во борбата против тероризмот и пиратите со што ќе им дозволи влез во кипарските пристаништа, изјави рускиот претседател Владимир Путин по разговорот со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис во Москва.
Путин потенцира дека Москва и Никозија ќе соработуваат „не против некого“ туку за доброто на своите народи, додавајќи оти нивната соработка не им пречи на никого.
Путин посочи дека Кипар покажал интерес за работата на руските енергетски компании.
Анастасиадис вчера пристигна во тридневна посета на Москва. Тој одговарајќи на шпекулациите за отварање на руски воени бази на Кипарт истакна дека преговара со Москва за пружање помош за руските воени авиони кои извршуваат хуманитарни операции за време на кризи, кои ќе можат да ја користат базата „Андреас Папандреу“ во Пафос, како и за влез на руските воени бродови во пристаништетото во Лимасол.