Здравствената состојба на македонската ракометна репрезентативка Робертина Мечевска е стабилизирана. Таа не е во животна опасност, но се уште е на интензивна нега.
Ова за МИА го изјавија од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) од каде посочуваат дека Мечевска веќе два-три дена не е на машина за дишење, свесна е и е во стабилна состојба.
– Следи клинички оперативен зафат, планиран за петок. Станува збор за операција на граден дел од ’рбетен столб, истакнуваат од КАРИЛ.
Робертина Мечевска на 10 февруари се здоби со тешки повреди по пад од петтиот спрат од својот стан.