Македонија лани во декември потрошила вкупно 828.724 мегават часови електрична енергија, 25.448 милиони нормални метри кубни природен гас, 513.351 тони јаглен и 79.524 тони нафтени продукти.
Според податоците на Државниот завод за статистика, 62,9 отсто од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 97,5 отсто од количината на јаглен е употребена за производство на струја.