Полициски истражители во Велика Британија се сомневаат дека Акса Махмуд (20), позната како „џихадистичка невеста“, врбувала три британски тинејџерки, кои неодамна се приклучија на ИСИС.
Според наводите таа во ноември 2013 година ја напуштила Шкотска и на родителите им јавила дека преку Турција, влегла во Сирија каде што се приклучила на екстремистичката група Исламска држава.
Од тогаш Акса е присутна на социјалните мрежи преку кои ја шири идеологијата на ИСИС и ги повикува девојките да соберат сили и да ги напуштат своите семејства, за да се приклучат на големото џихадистичко семејство и заедно да војуваат против Запад.
Како што пренесуваат медиумите членовите на нејзиното семејстово не го подржуваат нејзиното однесување.
-Ти си срам за своето семејство и за народот на Шкотска. Твоите постапки не го претставуваат исламот. Те преколнуваме доколку се уште не сакаш, да престанеш да го правиш тоа- и порачуваат членовите на нејзиното семејство.
Е. Г.