По вчерашниот благ раст, цените на нафтата денеска паднаа на светските берзи, како резултат на прогнозите за зголемување на глобалните резерви на енергенсот.
Американската „лесна“ нафта за испорака во април на интернет трансакциите пред отворањето на Њујоршката берза, поевтини за 29 центи на 49,16 долари за барел.
Во исто време, на Берзата во Лондон, цената на северноморската нафта „брент“ за априлска достава, претпаладнево се намали за 17 центи на 58,73 долари за барел.
Ваквото поевтинување на нафтата доаѓа во пресрет на утрешното објавување на извештајот за нивото на залихите на енергенсот во САД и откако агенцијата Блумберг објави прогноза дека американските резерви минатата недела се зголемиле за 3,75 милиони барели.
Залихите на нафта во САД се на рекордно ниво за овој период од годината, што влијае на одржување на ниските цени на енергенсот.
Од јуни минатата година, па досега, цените на нафтата на светките берзи се намалија за околу 60 поценти, како резултат на зголемените нафтени залихи, слабоста на глобалната економија и силниот долар.
Аналиитчарите проценуваат дека турболенциите и неизвесноста на пазарите на нафта ќе продолжат и во наредниот период.