Нов Зеланд планира да испрати мал број војници во Ирак, кои ќе помогнат во обучувањето на локалните сили за безбедност во борбата против групацијата Исламска држава.
Премиерот на Нов Зеланд Џон Киј изјави во Парламентот дека земјата ќе испрати 143 војници, од кои 106 ќе бидат стационирани во воената база Таџи, на 30 километри северно од Багдад, во заедничка мисија со Австралија.
Останатите, вклучувајќи и штабни офицери ќе бидат испратени во коалициските штабови во регионот, јави ДПА.
Киј нагласи дека војниците нема да учествуваат во борбени операции.
Штабните офицери ќе почнат да ги заземаат своите позиции во регионот во март како подготовка за распоредувањето на главните сили во мај. Мисијата ќе трае најмногу две години.