Експертите сметаат дека идеално време за првиот контакт со водата е кога бебето ќе наполни десет месеци.
Многу родители чекаат децата да наполнат неколку години или додека да појдат во училиште за да научат да пливаат. Експертите напротив сметат дека идеално време за првиот контакт со водата е кога бебето ќе наполни десет месеци и нагласуваат дека тоа уште тогаш реагира на инструкциите на тренерите со присуство на мајките и татковците.
Истражувањата на Грифит Институтот во Австралија покажаа дека децата кои порано почнуват да пливаат, побрзо се развиваат. Анкетирани се повеќе од седум илјади родители и деца во текот на три години, при што е донесен заклучок дека предучилишните деца кои веќе се мали „делфини“ имаат подобри визуелно-моторни вештини, а подоцна побрзо ќе напредуваат во училиштето.
Освен тоа спортот го зајакнува имунитет, ја обликува мускулатурата, го зајакнува капацитетот на белите дробови, влијае на квалитетот на сонот и го зголемува апетитот. Децата ја сакат водата и лесно се адаптираат на неа, но повозрасните мораат да бидат внимателни.
Ако сте одлучили вашето дете да го однесете на пливање за да научи добро да плива до одењето на море, проверете ги условите на базенот. Важно е водата секогаш да биде чиста и топа, затоплете ја просторијата, а инструкторите треба да бидат вешти. Ако не биде така, детето може да има повеќе штета од новиот спорт или да развие страв од вода. По базенот задолжително е туширањето, кое ќе го отстрани хлорот од кожата и ќе ја засили циркулацијата, како и топлата облека.