Поранешниот шеф на Форин Офисот Малколм Рифкин суспендиран од Конзервативната партија

Од:

Поранешниот шеф на британскиот Форин Офис Малколм Рифкин денеска е суспендиран од парламантарната група на својата Конзервативна партија, откако беше тајно снимен дека ги „продава“ за пари, своите политички врски и влијание, на една приватна компанија.

Рифкин е „уловен“ од новинарите на „Дејли телеграф“ и на телевизијата „Ченел Фор“ преправени како бизнисмени на измислена кинеска приватна фирма од Хонг Конг, како се нуди за лобирање за фирмата.

На тајно снимениот материјал од новинарите,поранешниот министер во владата на Џон Мејџор и актуелен претседател на парламентарната Комисија за безбедност и разузнавање, вели дека доколку биде ангажиран од „фирмата“ ќе им обезбеди „корисен пристап“ до секој британски амбасадор во светот.

За работа од само половина ден Рифкин побарал меѓу пет и осум илјади фунти.

Заедно со него, новинарите-истражувачи за заедничката програма „Политичари за изнајмување“ го уловиле и поранешниот лабуристички министер за надворешни работи, Џек Стро. Тој самиот побара од Лабурстичката партија да биде суспендиран, што лидерот Ед Милибанд веднаш го прифатил.

Двајцата актуелни пратеници,самите ги пријавиле своите случаи кај парламентарната Комсија за стандард која отвори истрага за Рифкин и Стро. И обајцата тврдат дека не сториле ништо лошо или против прописите и стадардите на Парламентот.

Лобирањето на пратениците за трети лица (приватни или државни компании) е забрането во Велика Британија,но лидерот на лабуристите, Ед Милибанд побара од премиерот Дејвид Камерон, по забрзана постапка да се забрани пратеницита да имаат и втора работа.
Според сегашните прописи, пратениците можат покрај парламентарната работа да имаат и некоја друга платена активност, доколку таа не е спротивна на кодексот за однесување предвиден за членовите на Парламентот. За својата втора работа мора да ја известат Комисијата за стандард.

На пратениците им е забрането, да дејствуваат како „платени (политички) адвокати“ – лобисти, односно да земаат пари од фирми и компании, за нивната парламентарна работа, предлагајќи закони, амандмани или прописи од што директна полза би имала некоја трета страна.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство