Разрешен претседателот на Хонда поради опасни воздушни перничиња

Од:

Јапонскиот произведувач на автомобили „Хонда Мотор“ соопшти денеска дека претседателот на компанијата Таканово Ито ќе се повлече од функцијата, по скандалот со опасните воздушни перничиња во нивните возила.

Извршниот директор на Хонда, Такахиро Хачиго ќе го замени Ито, кој како советник ќе остане во одборот на компанијата. Тоа е една од многуте промени во јапонската компанија, а во денешното соопштение не се споменуваат проблемите со воздушните перничиња.

Одлуката за смена на претседателот е донесена по масовното повлекување на автомобили, во кои биле вградени воздушни перничиња на јапонската компанија Таката. Тие перничиња имале неисправни системи за напумпување, поради кои биле можни експлозии, при што метални или пластични делови летале кон патниците.

Најмалку пет смртни случаи и повеќе десетици повреди ширум светот се поврзани со тој проблем.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ