Металург со пораз ги заврши настапите во Лигата на шампионите

Од:

Македонскиот ракометен првак Металург вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Загреб со 22:20 и со пораз ја заврши сезоната во Лигата на шампионите.

Гостите од Хрватска во текот на целиот дуел ја имаа контролата врз резултатот и сосема заслужено стигнаа до триумфот.

Младите ракометари на Лино Червар покажаа квалитет и достојно се бореа до крај, во еден момент стигнаа и до изедначување (18:18), но не успеаја да направат изненадување.

Марко Бувиниќ со шест реализации беше најефикасен кај Металург.

Металург завршува на последното шесто место во групата А, а Загреб оди во осминафиналето како третопласиран. Од оваа група во следната фаза се пласираа и Кил, ПСЖ и Ла Риоха.

 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска