Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го одбранија трофејот одмладинскиот Куп на Македонија, откако денеска во финалето славеа убедлив триумф против Вардар со 87:58.
Предводен од неколкумината кошаркари кои се дел и од сениорската екипа, младинскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром со високо водство во текот на целата средба против Вардар, заслужено победи, освојувајќи го својот втор куп-трофеј по ред.
Љубомир Младеновски со 16 поени и 9 скокови беше најефикасен во тимот на МЗТ, за што по натпреварот го доби и признанието за МВП на финалето, втора година по ред. Одличен меч одигра и Бобан Стајиќ со 12 поени, 7 асистенции, 4 скокови и 3 украдени топки, а меѓу останатите Мекиќ постигна 8 поени со 15 скокови, Цветковски дополни 12 поени со 6 скокови, а Иванов и Арсоски реализираа по 11 поени.
Кај Вардар, Солиден меч одигра Дамјан Робев со 13 поени и 4 скокови, а најпрецизен беше Илија Ристовски со 15 поени. Меѓу највпечатливите беше и Даниел Нацевски кој реализираше 15 поени, меѓу кои и првите 9 за Вардар.