Шпанскиот возач во Формула 1 Фернандо Алонсо доживеа незгода за време на тестирањето во Барселона и моментално се наоѓа во болница, јавија шпанските медиуми.
На четвртиот ден од тест возењата во Каталонија, пилотот на Мекларен излетал од патеката и удрил во заштитната ограда. По неколкуминутна помош на самото место дошол хеликоптер и Алонсо бил префрлен во болница.
Од Мекларен соопштија дека сѐ е во ред со Алонсо, дека е свесен и дека разговарал со лекарите.
Засега не се соопштува причината за излетувањето на Шпанецот, дали е тоа по негова грешка или се работи за дефект на болидот.