За „Независни Грци“ договорот од Брисел е првиот важен чекор на новата грчка Влада

Од:

Грција успеа да добие во време, што ќе и овозможи да се организира за решавање на буџетските и финасиски прашања и да се справи со актуелната хуманитарна криза, се наведува во соопштението на партијата „Независни Грци“, коалицискиот парнер во новата грчка Влада, цитирано од агенцијата АНА-МПА.

Вчерашната рамковна спогодба, договорена со Еврогрупата во Брисел, партијата ја оценува  како првиот значаен чекор на новата Влада.

Сега почнува вистинската битка за изготвување долгорочна програма, чија цел ќе биде создавање олеснувања за жртвите на меморандумот и ќе доведе до засилување на растот и до преструктуирање на економијата.

Во соопштението уште се наведува дека партијата „Независни Грци“ ќе ја продолжи борбата за проширување на структурните реформи и за подобрување на перспективите за развој, вработување и стабилност.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит