Во вчерашниот напад на „Аш Шабаб“ врз хотел во Могадишу загинале 25 лица

Од:

Бројот на загинати во вчерашниот самоубиствен напад врз хотел во сомалиската престолнина Могадишу достигна 25 лица, а има и 40 ранети, денеска соопшти сомалиската Влада.

Како што пренесуваат француските медиуми, двајцата атентатори имале двојно, сомалиско и холандско државјанство.

Во соопштението лиферувано од канцеларијата на сомалискиот премиер Омар Абдирашид Али Шармарке се посочува дека исламски екстремист се кренал во воздух со автомобил бомба во централниот влез на „Хотел Сентрал“, а друг,пак, влегол внатре во хотелот и се кренал во воздух.

Во време на нападот, во хотелот имало средба на државни службеници. Меѓу загинатите се заменик градоначалникот на Могадишу и двајца пратеници.

Одговорноста за нападот ја презедоа радикалите на „Аш Шабаб“, кои имаат тесни врски со мрежата Ал Каеда. И покрај тоа што ги загуби своите клучни позиции во Сомалија, оваа терористичка организација и натаму продолжува да изведува напади во престолнината, но и на други места, забележуваат американските медиуми.

Сомалиската служба за безбедност и разузнавање соопшти дека нападот врз хотелот е дело на двајца атентатори самоубијци –  маж и жена, кои имале двојно државјанство, сомалиско и холандско. Жената, која се кренала во воздух во самата зграда на хотелот,  таму работела веќе четири месеци. Мажот, кој е можно да бил нејзин сопруг, се кренал во воздух со автомобил бомба, што бил паркиран пред хотелот, соопштија француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија