Ирачките владини сили ја пробија блокадата на градот Ал Багдади, наметната од Исламска држава

Од:

Ирачките впадини сили денеска ја пробија блокадата, штоборците на Исламска држава (ИД) ја имаа наметнато врз  градот Ал Багдади, во западната провинција Анбар, пренесе ДПА, повикувајќи се на извор од силите за безбедност.

Според него, армијата заедно со борци од локалните племиња, ги потиснале екстремистите на еден километар од градот, чии жители од минатата недела беа лишени од испораки на храна и медицински материјали.

Претседателот на градската управа на Анбар, Сабах Кархут, прецизира дека денеска ирачката армија, со помош на воздушните напади на меѓународната коалиција, почнала офанзива за протерување на ИД од Ал Багдади.

Градот се наоѓа на пет километри од важната воено воздухопловна база „Аин ал Асад“.

Би можело да ве интересира

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија