Азијците почнаа кавга за палачинката „попија

Од:

Како што во Македонија своевремено се разви полемика околу словенечкиот обид да го регистрира ајварот како заштитен бренд со потекло од Словенија, такво нешто се случува и во регионот на југоисточна Азија, по повод заштитата на брендот на едно јадење кое е познато и се смета за национално во просторот каде што во дваестина држави има над две милијарди жители.

Проблемот почнал кога во една туристичка реклама на Малезија, покрај другото, туристите се повикуваат да уживаат и во егзотичните национални палачинки познати како „попија’’. Бурно реагираа повеќе групи жители на Индонезија кои, прво преку социјалните мрежи, а деновиве и со улични протести, од своите власти побараа да се заштити брендот на ова јадење како оригинален продукт на Индонезија.

Масло на огнот дотурил амбасадорот на Малезија во Џакарта, кој на Твитер поставил два прилога во кои сакал на Индонезијците да им објасни дека се работи за палачинки што се малезиско национално јадење. Со овој „твит’’ амбасадорот ја иницирал и медиумската „војна’’ меѓу двете држави, а таа се прошири и во медиумите во Кина, Тајланд, Тајван и Сингапур. Секаде во ова подрачје се најдоа докази, според кои, „попија’’ е националното јадење на сите овие земји.

Жителите на 250 милионската Индонезија, од кои околу осум милиони се со кинеско етничко потекло, ги налути истражувањето на сингапурските медиуми, кои соопштија дека „попијата’’ потекнува од кинеската провинција Ксиамен, а се распространила најмногу поради миграцијата на Кинезите низ просторите на југоисточна Азија.

Инаку се работи за деликатесна палачинка направена од оризово брашно, која зависно од регионите се полни со зеленчуци и станува деликатес кога ќе и се додадат зачини со кои обилува овој дел на светот.

Низ овој дел од Азија „попијата’’ најчесто се продава на улица, но ја има и на менијата на најголем број ресторани.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава