Генерал Бредшо: Русија е егзистенцијална закана

Од:

Заменик-командантот на НАТО во Европа генерал Адријан Бредшо изјави дека Русија претставува егзистенцијална закана за Сеевроатлантската алијанса и оти стратешкиот конфликт со Западот не е исклучен.

Тој наведе дека постои опасност Русија да ги покрене своите конвенционални сили и во иднина да ги искористи не само за заплашување и притисок туку и за окупација на делови на НАТО територијата.

Генерал Бредшо посочи дека Русија за време не конфликтот во Украина покажала дека знае да води „хибридна војна“, која уклучува комбинација на конвенционална армија, субверзии, политичка агитација, непријателска пропаганда и други средства за дестабилизација.

– Поради тоа неопходно е НАТО на своите источни граници покрај новите единици за брза реакција да вкличи и средства за спротиставување на руското заплашување и пропаганда. За тоа е неопходна помош од Европската унија, која би требало да формира телевизиски канал на руски јазик кој би контрирал на непријателската и речиси комичната пропаганда на руските медиуми, истакна генерал Бредшо.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска