Тројца австриски скијачи се искачија на победничкиот подиум на спуст трката од Светскиот куп одржана во Салбах, Австрија.
Матијас Мајер го освои првото место, откако патеката ја мина со време 1:49.83. За олимпискиот шампион ова беше втора победа во кариерата во Светскиот куп.
Макс Франц од победата го делеа само две стотинки, додека неговиот сонародник Ханс Рајхалт заврши како трет со заостанување од 21 стотинка зад победникот.
Утре со почеток од 11 часот на истата патека ќе се вози супервелеслалом.