Притвор за уличен дилер на хероин од Скопје

Од:

СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе  кривична пријава до надлежното Основно Јавно обвинителство-Скопје против Ф. Џ.  (48) од Скопје, осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Од страна на  судија на  претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 денови, соопшти денеска МВР.

Пријавениот, од засега непознато лице набавил поголема количина хероин, кој го препакувал и чувал во својот дом, а потоа ја продавал дрогата на зависници и овозможувал на дел од нив да ја користат во неговиот дом.

Со наредба од судија на претходна постапка е извршен претрес во неговиот дом,  при што се пронајдени 7,45 грама хероин спакуван во четири полиетиленски паковки, 19,40 грама мешавина од парацетамол и кафетин и 14,66 грама лактоза, кои се мешаат со хероинот.

На пријавениот, и претходно му била  поднесена кривична пријава за недозволена трговија со синтетички дроги, а тој е трипати кривично пријавуван за прикривање на предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со голема количина на кокаин е уапсен кај Лесковац

Горан Наумовски

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

Наместо воздушнo перниче, во автомобилот на 62 годишен Хрват откриени 4,3 кг кокаин

А1он

Жител на Стојаково во пластеница одгледувал пиперки, домати, ама и марихуана

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Со месеци бандата која препродавала амфетамин била под посебни истражни мерки