Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун раководи со воена вежба која симулира напад и заземање на остров во Жолто Море, јавија севернокорејските државни медиуми.
– Треба почесто да се изведуваат воени вежби за севернокорејската армија да може да оствари одлучувачка победа во конфронтација со САД и да ги порази непријателите доколку ја нападне Демократска Народна Република Кореја, изјави Ким Џонг-ун.
Вежбата е изведена пред одржувањето на заедничката годишна јужнокорејска и американска воена вежба, која е планирана за март.