Новиот американски секретар за одбрана Ештон Картер денеска пристигна во Авганистан.
Тој наведе дека цел на неговата посета се разговорите со авганистанските и со американските претставници дали плановите на САД за повлекување од земјата не се премногу ризични за безбедноста на Авганистан.
– Нашата цел е траен успех во Авганистан. Мојата посета е со цел да утврдиме како тоа да се постигне, кој е најдобриот начин тоа да го направиме, посочи Картер.
Планирано е во текот на годината двојно да се намали бројот на американски војници во Авганистан.
Тој функцијатра секретар за одбрана е од 17 февруари. Картер доаѓа на местото на Чак Хејгел.