Археолошкиот музеј на Македонија и Здружението на туристички водичи и придружници на Македонија денеска ќе потпишат меморандум за соработка со што ќе го одбележат Меѓународниот ден на туристичките водичи 21 Февруари.
Целта на меморандумот е промовирање на културното наследство и зголемена организирана посета на Музејот од домашни и од странски туристи.
Документот ќе го потпишат директорката на Музејот Весела Честоева и претседателот на Здружението Бранко Босилков.