Етнос – Атина
Република Кипар е исправена пред непредвидлив развој на ситуацијата во однос на енергетиката, а тоа се случува во момент кога Турција се заканува дека ќе продолжи со политиката на оспорување на суверените права на земјата, откако франускиот гигант Тотал реши да се повлече од истражувањата во кипарската економска зона, со што во пракса пропаѓаат сите досегашни планови на Никозија.
На крајот од минатиот месец, кипарскиот министер за енергија, Јоргос Лакотрипис, потврди дека Тотал се повлекол од Кипар и нема да продолжи со истражувањата во наоѓалиштата 10 и 11 во реонот на кипарскиот шелф, и на тој начин „ги излади“ претераните очекувања кои се појавија во последниве години за претворање на Кипар во голем производител на енергија.
Според пристгнатата информација, францускиот Тотал не идентификувал надежни наоѓалишта и во ситуација кога падот на цените на нафтата нанесе удар врз светската нафтена заедница, компанијата избрала да ги прекине своите сондажи што довело до загуби во размер од околу 70 милиони долари, кои биле потрошени за инвестиции и сеизмографски испитувања. Така Тотал избегнал дополнителни трошоци за околу приближно 250 милиони долари, кои требало да ги инвестира во двете планирани сондажи.
Сега Никозија го насочи фокусот кон сондажите кои ги изведува конзорциумот ЕНИ/Когаз во наоѓалишето 9, и од тие резултати кои ќе бидат познати во март ќе се види дали тие можат да планираат ја со поголема точност стратегијата за искористување на своите јаглеводороди.
Ако наоѓалиштето 9 „Аматуза“ се покаже слабо како и претходното „Онасагора“ за природен гас, тогаш Кипар ќе остане само со наоѓалиштето „Афродита“ и ќе треба да се надева дека развојот на ситуацијата на енергетскиот пазар ќе дозволи изведување на уште една сондажа од страна на конзорциумот Нобл/Делек/Авиер во наоѓалиштето 12, и од ЕНИ/Когаз во наоѓалиштата 2 и 3.
Ако остане само на наоѓалиштето „Афродита“, Кипар ќе треба да замрзне секакви планови за привлекување на инвеститори за терминалот за течен гас ЛНГ во реонот на Василико, а со гасоводот до Грција. плановите поскоро ќе бидат насочени кон задоволување на внатрешните потреби и за извоз на локални пазари, најмногу во Египет.
Но ако наоѓалиштето „Аматуса“ се покаже како надежно, тогаш амбициите на Кипар ќе можат да се остварат и островот ќе се претвори во важен енергетски играч.
Од друга страна, тоа што Тотал се повлече не значи дека во реоноот нема јаглеводороди. Кога додје на Кипар, Тотал сакаше да бара нафта која е на многу поголема длабочина од природниот гас, но како последица на падот на цените на нафтата таа загуби интерес да инвестира стотици милиони долари за една по обем мала добивка.
Но истовремено Турциа не ги крисе своите намери да ги искористи своите врски со други странски влади, како што е француската, и подготвува договори за купување на модерни оружени системи. Тој факт создава нов вид на односи со Франција и се совпаѓа со повлекувањето на Тотал од Кипар.
Во меѓувреме, во овој критичен момент од преговорите меѓу двете етнички заедници за поделба на островот Кипар, интересен е фактот што Никозија одговори на барањето од Москва за зајакнување на руско-кипарските односи, вклучувајќи го на дневен ред и позитивниот одговор на Кипар кон руското барање за обезбедување на воени инсталации. Тоа прашање се очекува да биде разгледувано за време на посетата на кипарскиот претседател Никос Анастадиадис на Москва овој месец.