Се санира Спомен костурницата во Велес

Од:

До крајот на 2015 година целосно ќе биде санациран Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко.

Министерството за култура соопшти дека Националниот конзерваторски центар, во изминатиот период реализирал повеќе активности во насока на зачувување на ова значајно спомен-обележје кое е симбол на Велес. Биле изведени и превентивни активности за елиминирање на прокиснувањето, кое како проблем се провлекува долги години. Извршено е интервентно санирање на екстериерот, промена на оштетените делови и поставување нов плексиглас.

Споменикот на паднатите борци од НОВ од Велес и Велешко е еден од најголемите споменични комплекси во Македонија, изграден во периодот 1979/81 година во чест на загинатите борци во НОВ и жртви на фашистичкиот терор од овој регион. Во 1981 година објектот е ставен под заштита како споменик на културата од прва категорија.

Автори на скулптурно – архитектонското решение на Спомен-костурницата се Љубомир Денковиќ и Саво Суботин, а современиот македонски сликар Петар Мазев е автор на мозаичните композиции, кои се наоѓаат во внатрешноста на објектот.

Би можело да ве интересира

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Велешанец проголтал дрога за да ја сокрие од полиција, па завршил во болница

Горан Наумовски

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Маж и жена шверцувале дрога на релација Скопје-Велес

Горан Наумовски

Се загади воздухот во Велес од пожарите на планините Мукос и Бабуна

Предраг Петровиќ