Косовскиот министер за надворешни работи, Хашим Тачи за германскиот конзервативен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ изјави дека масовното напуштање на Косово е последица на гласините дека Германија дава работни и дозволи за престој.
-Тоа е апсурдно, но предизвика се повеќе луѓе илегално да патуваат во Германија. Дури и некои косовски медиуми во јануари објавија приказни за луѓе кои во Германија наводно добиле станови и работна дозвола. Некои пак сериозни коментатори тврдат дека државите во западна Европа поради ниската стапка на наталитет, ги викаат луѓето од Косово да се доселат- рече Тачи.
Е. Г.