СДСМ во посета на Берово

Од:

Членови на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ предводени од претседателката на Комисијата, Мила Царовска беа во посета на Берово да поразговараат со беровчани за социјалните проблеми коишто ги имаат.

Граѓаните на Берово се пожалија на доцнење на платите во Јавното комунално претпријатие, на притисок од работодавците за враќање на парите што им се дадени по основ на К-15 во претпријатијата и на нереагирањето на трудовата инспекција.

Голем проблем за беровчани е и, како што се жалат, доделувањето социјални станови само на луѓе блиски до власта и вработени во јавната администрација.

Иако на последните избори им била ветена изградба на развојна зона во беровскиот крај, изградбата на зоната сеуште не е започната.

После средбите со граѓаните, претставниците на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ имаа средба со претставници на ОО Берово кои се задолжени за креирањето на социјалните политики, со цел дефинирање начини и мерки за подобрување на состојбата со сиромаштијата, невработеноста, злоупотребата на работничките права во Берово.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце – не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

А1он

СДСМ: Наградата за животно дело за владиката Петар е скандал без преседан во режија на ДПМНЕ

А1он