Грција да ја врати драхмата, бара водечки германски економист

Од:

Германската влада смета дека барањето на Атина за продолжување на кредитниот договор за 6 месеци и да започне процес на нови преговори на дел од истиот договор не е „суштинско решение“, јави дописникот на МИА од Берлин.

„Реално тоа води кон премостување на финасисирањето, без да се исполнат барањата во програмата за поддршка. Писмото не ги содржи критериумите договорени со еврогрупата во понеделникот“ , вели портпаролот на германското министерство за финансии Мартин Јагер.

Во пресрет на утрешната средба на 19 земји членки на еврозоната и пред истекот на програмата за поддршка која завршува идната недела Грција се соочува со опасност да остане без пари за функционирањњето на земјата, драматичен пад на берзите и можен излез ос еврозоната. Привремено решение за проблемите на грчките банки кои што остануваат без готови средства дава Европската централна банка која што овозможи дополнителни средства во рамки на механизмот „Итна помош за ликвидност“ но овој пакет кој што не е дел од договор за помош и кој се доделува и без да се почитуваат мерките за штедење не може да ја спаси Грција доколку нема итен договор во наредниве денови.

Колку е сериозна ситуацијата потврдува и Ханс Вернер Син првиот човек на Институтот за економски истражувања од Минхен кој смета дека кредиторите на Грција мора да се соочат со вистината и да разберат дека земјата мора да излезе од еврозоната за да ја поврати конкурентноста.

„Враќањето на драхмата е единствено можно решение затоа што тогаш економијата ќе биде ревитаизирана прилично брзо“ вели Син кој се смета за еден од водечките германски економисти и додава дека кредиторите мора да го намалат товарот врз грчките граѓани.

Според Син воведувањето на драјмата ќе ја стимулира грчката економија затоа што на пример Грција ќе мора да го запре скапиот увоз на земјоделски производи од ЕУ и да се фокусира на своето производство со што ќе се отоврат нови работни места. ТОј смета дека и во туризмот Грција поради ниските цени ќе ги врати туристите кои предходно оделе во Турција. Драхмата може да влијае и на Грците кои што ги префрлиле парите во странство по што тие би почнале да купуваат ефтини недвижности. Тоа ќе предизвика градежен бум и ќе ги придвижи индустријата смета Син.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит