Камерон: Санкциите ќе траат со години, но мора да го запреме Путин

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека економските санкции кон Русија ќе траат „со години“„ но дека ќе треба да се издржи, затоа што „мора да биде запрен“ рускиот претседател Владимир Путин.

Камерон зборуваше во фабриката „Ролс Ројс“ во англиската област Западен Сасекс и во невообичаено остар и заканувачки тон, порача дека знае оти британскиот бизнис трпи загуби поради санкциите кон Русија, поради нејзината вмешаност во украинскиот конфликт, но дека британските бизнисмени ќе мора да ги подржуваат санкциите.

Според британскиот премиер, иако санкциите се „тешки за бизнисот“ станува збор за „краткотрајни болки“ и тие ќе мора да се издржат затоа што, како што рече, само со цврстото спротивставување на Путин ќе може да се врати стабилноста во Европа.

– Украинските бунтовници користат руски ракети, ракетни рампи и тенкови, потврдувајќи ја на тој начин директната вмешаност на Русија во конфликтот, рече Камерон, иронично забележувајќи дека таквото оружје и воена опрема „не може да се купи преку интернет“.

Камерон ги осуди постапките на официјална Москва и посебно однесувањето на рускиот претседател околу ескалацијата на борбите во реонот на градот Дебалцево, обвинувајќи го Путин за „целосно неприфатливо“ однесување.

Остриот настап на Камерон, најжесток досега на еден британски премиер од завршувањето на Студената војна, доаѓа по борбите околу Дебалцево и одлуката на украинскиот претседател Петро Порошенко да ги повлече армиските сили од овој град.

Во својот настап во фабриката „Ролс Ројс“, британскиот премиер ги отфрли критиките во британската јавност дека Велика Британија е целосно потисната и „во втор план“ во решавањето на украинската криза, затоа што ја нема ниту во Минск, а ниту во европските форуми.

– Не е точно дека Британија е отсутна, рече Камерон, нагласувајќи дека токму Лондон е предводник во економските санкции.

Тој им приговори на своите европски партнери да издржат во искушенијата, да не се тргува со Русија и да не се однесуваат како се да е нормално.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство