Јанакиески контра Жерновски за катната гаража кај Автомакедонија

Од:

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, со решение се оглушува на барањата на граѓаните, како и на ставот на градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски да не се гради катна гаража кај Автомакедонија, велат од Општина Центар.

„Државниот управен инспекторат го задолжува Жерновски да постапи по решението на министерот, кој пак му дава право на тужба до Управен суд во рок од 30 дена. Со ова, сите надлежни државни органи се ставија во служба на инвеститорот „Никофон“.

Управна инспекција осум пати доаѓаше во општина Центар, да интервенира за да се создадат сите услови како би почнала градбата“, соопштуваат од Општина Центар.

katna-garaza1

„Осум ургенции за еден предмет е незапамтено. Во текот на постапката, Дирекцијата за заштита и спасување два пати издаде негативно мислење за проектот, бидејќи не беа исполнети стандардите за заштита при пожари и евакуација на населението.

За да се излезе во пресрет на „Никофон“, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување го менува правилникот, ги укинува одредбите кои „Никофон“ не ги исполнува, дава позитивно мислење по основ на проектот и веднаш потоа го враќа правилникот во првобитна состојба.

Околните жители се револтирани и велат дека осум-катна гаража која ќе биде висока 25 метри воопшто не им е потребна, бидејќи веќе има една само на неколку метри оддалеченост“, велат од Општината.

„Бараме зеленило, а не гаражи на секој чекор. Каде е нашиот интерес и барања како непосредни соседи? Не може министерот да носи одлука која задоволува само нечии бизнис интереси“, велат незадоволните граѓани.

Претходното раководство на општина Центар го продаде земјиштето на „Никофон“ за изградба на катна гаража.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории