Шест сообраќајки за 24 часа во Скопје, пајакот отстранил 47 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди.

Од нив, една е со последица материјална штета и четири се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило и еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а еден возач на патничко моторно возило и еден сопатник се здобиле со телесни повреди.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 33 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив 11 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 25 возачи непрописно се паркирале пред крстосница, не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и осуммина возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница или поминале на црвено светло на семафорот.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 47 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Васил Главинов“ кое се наоѓа на територијата на општина Чаир со учениците од второ и четврто одделение.

Денеска во 18 часот и 30 минути во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе се одржи кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Аеродром и Работнички. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби можно е и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он